Организација на Алијансата за позитивна Македонија

Собранието на Алијанса за Позитивна Македонија е највисок орган на АПМ.


Собранието го сочинуваат:

  • претседателот на АПМ
  • членовите на Главниот одбор на АПМ
  • членови на Надзорниот одбор на АПМ
  • ратениците во Собрание на Р.Македонија, членови на Влада на Р. Македонија од редовите на АПМ
  • носители на јавни функции избрани или именувани од законодавната или извршната власт од редовите на АПМ
  • градоначалниците на единиците на локалната самоуправа од редот на АПМ
  • претседателите на Општинските организации
  • по 1 делегат на определен број на членови од страна на Општинските организации на АПМ, чиј број и постапка на избор се утврдува врз основа претходно утврдени критериуми со одлука на Главен одбор за свикување на Собрание

Собранието на АПМ:

  • ги донесува Програмата и Статутот на Партијата и нивните измени и дополнувања
  • ги утврдува насоките за работа на Партијата
  • ги усвојува извештаите за работа на органите и телата на Партијата
  • го избира и отповикува Главниот одбор на АПМ
  • го избира и отповикува Надзорниот одбор на АПМ
  • го утврдува бројот на членовите на органите и носителите на функции
  • ја утврдува одговорноста на носителите на функции што ги избира
  • донесува Деловник за својата работа
  • донесува резолуции,декларации,програмски документи и други акти
  • пренесува надлежност на други органи и тела на Партијата
  • одлучува за престанок на Партија со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Собрание
  • врши и други задачи што се поврзани со реализација на Програмата на Партијата,што се утврдени со Закон или овој Статут