Извршен одбор

Извршниот одбор на Главниот одбор на АПМ го сочинуваат:

  • Претседател на АПМ
  • Потпретседатели на АПМ
  • Секретар на АПМ
  • од 9(девет) до 13(тринаесет) членови

Извршниот одбор е извршно-политички орган кој:

  • учествува во градењето и изразувањето на политичката волја на АПМ
  • ги реализира заклучоците и ставовите на Главниот одбор што се однесуваат на организираноста и внатрешниот живот на АПМ
  • ги обработува прашањата од внатрешен, организационен и кадровски карактер и е одговорен за ефикасното спроведување на професионалните работи за потребите на АПМ
  • ги гради и реализира политичките ставови на Партијата
  • предлага ставови,заклучоци,нацрт-акти и други документи на Главен одбор и на Собрание
  • предлага кандидати за учество на претседателски и парламентарни избори и носители на јавна функција,како и кандидати за органи и тела на АПМ
  • по потреба формира повремени работни тела за изработка и извршување на задачи од негова надлежност
  • се грижи за тековното финансиско и материјално работење на АПМ и донесува соодветни одлуки и други акти
  • избира координатори за изборните единици
  • избира портпарол на АПМ
  • избира секретар за меѓународна соработка
  • избира извршни секретари
  • донесува Деловник за својата работа
  • ги донесува сите потребни акти за формирање и непречено функционирање на Стручната служба на АПМ
  • извршува и други задачи што ке му ги довери Генералниот одбор или кои се утврдени со овој Статут и други акти на АПМ