Главен Одбор

Главниот одбор на АПМ го сочинуваат:

  • Претседателот
  • 50 до 70 члена што ги избира Собрание на АПМ

Мандатот на членовите на Главниот одбор трае 4(четири) години,со право на повторен избор.


Главниот одбор е највисок орган на управување со АПМ помеѓу две Собранија и ги има следните права, должности и одговорности:

  • раководи со АПМ и се грижи за спроведување на одлуките на Партијата
  • расправа за актуелни состојби и настани поврзани со политичките, општествените, економските,безбедносни и други состојби во државата и донесува ставови и заклучоци
  • донесува политички оценки и утврдува политички ставови на АПМ
  • се грижи за реализација на програмските цели на партијата и за усвоените ставови и заклучоци
  • го избира и отповикува Претседателот на АПМ
  • донесува Деловник за работа на Главниот одбор на АПМ
  • избира претседавач на Главниот одбор со мандат од 1(една) година без право на повторен избор,од својот состав
  • избира од 2(два) до 4(четири) потпретседатели на Партија,од својот состав
  • избира секретар на Партија,од својот состав
  • избира од 9(девет) до 13(тринаесет) членови на Извршен одбор Партијата, од својот состав
  • ги отповикува членовите на Извршниот одбор,потпретседателите и секретарот
  • избира лице одговорно на материјално-финансиското работење на Партијата
  • разгледува и усвојува годишен извештај за работата и финансиски извештај на АПМ и располага со имотот на Партијата
  • основа постојани и повремени работни тела (одбори,комисии,проекни групи) чиј делокруг на работа се утврдува со одлука за нивно основање
  • утврдува кандидати за учество на претседателски и парламентарни избори
  • донесува Изборна програма
  • донесува Одлука за изборна коалиција
  • избира шеф на Изборниот штаб
  • утврдува кандидати за носители на јавна функција
  • ја следи работата на носителите на функции избрани од редовите на АПМ и ја утврдува нивната одговорност
  • донесува Правилник за уредување на правата и обврските на членовите на АПМ за плаќање на чланарина
  • донесува Кодекс на однесување на членовите на АПМ
  • донесува Одлука за формирање и распуштање на Општинските организации на АПМ
  • одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на Партијата
  • донесува Одлука за распишување на внатрепартиски избори
  • донесува Правилник со кој се утврдуваат критериумите и постапката за избор на членови и органи на Партијата
  • избира и разрешува членови на постојани и повремени работни тела
  • разгледува и предлага измени и дополнувања на Статут на Партијата
  • по потреба решава и за други прашања сврзани со работата на Партијата кои со Статут или друг општ акт не се ставени во надлежност на друг орган на Партијата
м-р Никола Шалваринов е тековен претседавач на Главниот Одбор на АПМ